Во рамки на кампањата „Безбедно лето“ на 05.07.2022 во салата за состаноци во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и други организациони единици од СВР Скопје одржаа средба со сопствениците на угостителски објекти во Скопје.
На средбата беше разговарано за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност.
Основна цел на овие превентивни активности се подигање на свеста на граѓаните, зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.
Активностите во рамки на кампањата „Безбедно лето“ ќе продолжат во текот на наредниот период.