05 јули 2022

Превентивни активности на СВР Скопје: Средба со директори на образовни институции во општина Аеродром


На 04.07.2022 во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Аеродром одржаа координативна средба со директорите на основните училишта и детските градинки на подрачјето на општината.

Тема на средбата беше „Подобрување на општата безбедност во општината“, поточно спречување на оддавање на пијанство на јавно место и во училишните дворови, оштетување на урбана опрема во училиштата и градинките, точење на алкохол на малолетни лица во угостителски објекти и насилство на подрачје на општината.

На средбата беше договорено формирање на мешани патроли со претставници од Совет на родители, стручни служби од училиштата, претставник од училишната заедница и полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Одделението за превенција, кои ќе имаа задача да прават обиколка на образовните институции во вечерните часови и контрола во угостителските објекти.

Основни цели на овие превентивни активности се подигање на свеста на граѓаните, зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.

Вакви средби и превентивни активности ќе бидат организирани и во други општини во Скопје.