Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Одделението за полиција и Полициската станица од Општа надлежност Битола денеска (01.07.2022) превземаа активности во централното градско подрачје на Битола согласно проектот „Внимателна заедница - безбедна заедница” (превенција од кражби), при што беа опфатени колективни станбени згради.
Полициските службеници од Одделението за превенција ги посетија станарите на станбените објекти и дистрибуираа флаери за превенција од кривични дела тешки кражби и кражби, односно со начините и принципот на самозаштита и зголемување на соработката со полицијата.
Цел на овој проект е создавање на безбедна средина за живеење, како и подигање и поттикнување на свеста кај граѓаните за заштита на личниот живот и имот, како и подобрување на општата безбедност.