На 30.06.2022 во салата на Советот на општина Студеничани одржана е седница на Локален совет за превенција на тема: „Подобрување на општата безбедност и спречување на насилство на подрачје на општината“. На средбата присуствуваа полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, како и други организациски единици при СВР Скопје, претставници од верските заедници и претставници од заедниците од селата Моране, Студеничани и Батинци.
На седницата на Локалниот совет беше разгледана општата безбедносна состојба на подрачјето на општина Студеничани и се разговараше околу преземање на превентивни мерки и активности со цел подобрување на јавната безбедност, спречување на нарушување на јавниот ред и мир од страна на поединци или групи со подигање на свеста и подобрување на општата безбедност на граѓаните.
Основна цел на овие превентивни активности се подигање на свеста на граѓаните, зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.
Вакви средби и превентивни активности ќе бидат организирани и во други општини во Скопје.