22 јуни 2022

СВР Охрид со кампања за „Превенција од кражби“


СВР Охрид преку одделението за превенција, ја отпочна кампањата „Превенција од кражби“ со цел зголемување на безбедносната култура кај граѓаните и нивната совест за поголема заштита на личните предмети, домовите и моторните возила.

Денеска, полициски службеници од одделенеието за превенција, на градскиот пазар но и на други пофрекфентни места, на граѓаните им делеа флаери со практични совети за поголема заштита од џепни и други кражби и имотни деликти и низ кратки разговори, ги советуваа кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и движење на јавни места но и за заштита на личните предмети по плажите, како да ги заштитат своите домови и моторни возила на паркинг просторите покрај плажите.