Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола на 21.03 и 23.03.2022 година на подрачјето на Битола реализираше превентивни активности во насока на заштита од кражби. Притоа, беа опфатени повеќе колективни станбени згради на повеќе локации во Битола, при што биле диструбуирани флаери со едукативна содржина.
Слични активности се реализирани со месното население од населените места во с.Крклино, Кукуречани, Ивањевци, Долно Српци, Вашарејца, Лопатица и Лознани. Покрај превенцијата од кражби во руралните средини, реализирани се и активности за заштита и превенција од пожари, како и безбедно управување со земјоделската механизација.