Согласно годишниот план на МВР за 2022 година, денеска во периодот од 09.00 до 15.00 часот во СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово. Оваа крводарителска акција е прва по ред, од планираните три за оваа година, во која се собрани 41 крвна единица. Инаку, минатата недела беше спроведена и крводарителска акција на подрачјето на Крива Паланка во која крв дарувале 27 полициски службеници. За потсетување, во СВР Куманово во 2021 година биле собрани 110 крвни единици.