22 декември 2021

СВР Тетово со проект за „Поголема безбедност на децата до домот“

Активностите во рамките на превентивно-едукативниот проект „Поголема безбедност на децата до домот“, кој започна во текот на минатиот месец, привршуваат и на поширокото гостиварско подрачје.
Со овој проект, чиј носител е Отсекот за превенција на СВР Тетово, досега се опфатени 17 основни училишта на подрачјето со над 360 првооделенци, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик. На најмладите основци, на посебни часови, полициски службеници теоретски и практично им објаснуваат што е сообраќајна сигнализација, како да преминат улица, каде да се движат по улици или патишта на кои нема обликувани тротоари и друго.
Целта на предавањата е децата од најмала возраст да се стекнат со најосновните знаења, да изградат сообраќајна свест и култура, за да можат непречено и безбедно да стигнуваат до училиштата и назад кон нивните домови.Планираните активности се очекува да завршат до крајот на идната недела, со што целосно ќе се заокружи проектот за кој станува збор.
.....