Секторот за внатрешни работи Тетово заврши со првата од двете планирани фази на превентивно-едукативниот проект „Поголема безбедност на децата во сообраќајот од домот до училиштето“, чиј носител е Отсекот за превенција, а која започна на почетокот на минатиот месец. Со овој проект беа опфатени околу 2000 првооделенци од седумдесетина основни училишта на поширокото тетовско подрачје. На посебни часови, обучени полициски службеници поблиску ги запознаа најмладите основци со основните сообраќајни правила и прописи, значајни за нивно непречено и сигурно движење како учесници во сообраќајот, но и за потенцијалните ризици во сообраќајот. Учениците, исто така, беа информирани и за тоа - како најбезбедно да се движат кон нивните училишта и назад кон домовите, а и пректично им беше демонстрирано, односно покажано-како да ги преминуваат улиците, што значат семафорите и како правилно да се движат таму каде што нема обликувани тротоари.
Целта на овој проект е развивање на сообраќајна култура и навики кај најмладите основци, додека идната недела активностите ќе продолжат на гостиварското подрачје, каде е предвидено да се одвиваат до крајот на овој месец.