29 септември 2021

Отсекот за превенција при СВР Битола со ОБСЕ реализираа едукативно предавање за учениците од Новаци

На 28.09.2021 од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, во соработка со ОБСЕ и Полициско одделение Новаци, беше реализирано едукативно предавање со ученици од прво и второ одделение во ПОУ„Славко Лумбарковски“ од Новаци, битолско, во рамките на тековните проекти на Отсекот: „Полицијата и граѓаните заедно“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Од страна на полициските службеници на учениците во училишниот двор им беше укажано на основните правила и прописи за учество во сообраќајот како пешаци, беа разгледани полициските возила и беше поделен промотивно-едукативен материјал од ОБСЕ.