18 јули 2021

СВР Охрид ја реализира кампањата „Превенција од кражби“

 

 

СВР Охрид и Отсекот за превенција, во рамките на концептот „Полицијата со заедницата“, на повеќе плажи и паркинг простори вдолж охридското крајбрежје, ја реализираше кампањата „Превенција од кражби“. Низ разговор со граѓаните, полициските службеници ги запознаа со целите и задачите на кампањата, а посебно ја нагласија потребата од поголема претпазливост при заштита на возилата, паричници и други вредни предмети што се оставаат во паркираните возила, но и на плажите. 

Притоа беше разделен и едукативен материјал со низа практични совети за поефикасна заштита од вакви кражби. Целта на кампањата „Полицијата и заедницата“ е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители  на кражби и тешки кражби по плажите, во нивните паркирани патнички возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема претпазливост, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба.