05 март 2016
Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец во настаните во општина Бутел
Министерот Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот Т. П., кој беше повреден во синоќешните настани во општина Бутел и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Во синоќешните настани беа повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се пресмета со групата која претходно постави шатори на местото на кое е предвидена изградба на верско обележје.