Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со реализација на кампањата „Остани безбеден", поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Имено, на 28.03.2021 година Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје заедно со униформирани полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Центар се реализираше превентивна активност во Градскиот парк во Скопје, каде на посетителите од страна на полициските службеници им беа поделени заштитни маски и на истите им беше укажано како на законската обврска за носење на заштитна маска, така и на потребата од заштита на лицето.
Во периодот од 10:00 часот до 14:30 часот беа поделени околу 500 заштитни маски на присутните посетители, но и на најмладите-дечињата кои со своите родители го посетија Градскиот парк.
Активностите се реализираа согласно препораките од Владата за заштита на граѓаните од КОВИД- 19.