17 октомври 2020

"Управувај безбедно со земјоделски машини"проект на СВР Струмица - отсек превенција

 Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица во партнерство со РСБСП, денес во населените места с.Дабиља и с.Банско спроведе превентивна активност во рамките на проектот "Управувај безбедно со земјоделски машини", со делење и поставување флуоросцентни налепници на тракторски приколки, се со цел поголема видливост и безбедност во сообраќајот. Ваквите превентивни активности на подрачјето на Сектор ќе продолжат во претстојниот период.