Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп.
На средбата беше потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта. Посебен акцент беше ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал, во кое Кралството Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид на криминал, кој претставува современа глобална закана.