21 септември 2020

Соопштение 20.09.2020

На 20.09.2020 во периодот од 17.00 до 20.00 часот во Градскиот парк во Струмица, Секторот за внатрешни работи, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на кампањата „Европска недела на мобилност“, делеше едукативни материјали, како и заштитни маски за лице, промовирајќи алтернативни форми на мобилност, под мотото: „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце - вози велосипед!!!“. Истовремено, на возачите на велосипеди полициските службеници им укажуваа на почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот.