Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја г-динот Мирослав Томан. На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Томан ја потенцираа досегашната извонредна соработка меѓу двете земји, особено во областа на безбедноста, посебно што неколку години наназад чешката полиција заедно со припадниците на МВР тесно соработуваат на многу полиња пред се во делот на граничната безбедност, спречувањето на илегалната миграција и обезбедувањето на границата кон соседна Грција
Посочувајќи го значењето на партнерството меѓу двете министерства, беше констатирано дека таквата пракса придонесува за натамошно развивање на капацитетите на нашето министерство за внатрешни работи..
На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговараа за планираното испраќање на нов чешки контингент од полициски службеници за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со нелегалната миграција на јужната граница од нашата земја.