По повод денот на жената 8 Март, Одделението за превенција при СВР Скопје и ЕБПС, во соработка со Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата организираат едукативно-превентивна акција за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.
Оваа едукативно-превентивна акција се реализираше на бул. „Партизански одреди“, кај „Скопје Сити Мол“, на 08.03 2020, со почеток во 13.00 часот, преку симболично доделување на цвеќе и промотивно-едукативни материјали за жените учесници во сообраќајот, под мотото „Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно!“