31 декември 2019

ВОЗИ ОДГОВОРНО, ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА И ПАТУВАЈ БЕЗБЕДНО!

 

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во партнерство со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Струмица и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, пред претстојните новогодишни и божиќни празници, реализираа превентивни акциски контроли наменети за сите учесници во сообраќајот.
Во текот на контролите, полициските службеници на учесниците во сообраќајот им делеа  летоци со превентивни совети, под мотото: „Во Новата 2020 година ВОЗИ ОДГОВОРНО, ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА И ПАТУВАЈ БЕЗБЕДНО!“