Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Отсекот за превенција, денеска во СВР Струмица, во периодот од 11.30 до 12.30 часот, пригодно беше одбележан 9 декември, денот на полициската превенција.
Имено, СВР Струмица како дел од проектот „Јас на гости во полицијата“ беше посетена од страна на ученици од ООУ „Атанас Нивичански“ с.Висока Маала, општина Василево и ООУ „Сандо Масев“ од Струмица. Учениците, предводени од своите наставнички го честитаа Денот на полициската превенција со подготвена програма, а на полициските службеници им поделија рачно изработени новогодишни честитки и календари.
Денот на превенцијата беше поддржан и од страна на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Струмица и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по што на сите ученици од страна на секретарот на РСБСП Владимир Лазаров им беа поделени флуоросцентни елечиња.