21 ноември 2019

Кампања на СВР Скопје „ЗА безбеден град“

 На 20.11.2019 година СВР Скопје - Оделение за превенција во рамките на проектот во соработка со Агенцијата за млади и спорт ја започна кампањата „ЗА безбеден град“ насочена против говорот на омраза – „Насилството раѓа насилство, сопри го не го разгорувај“. Кон кампањата се приклучија и Град Скопје и ЈСП.

Како дел од активностите беше брендиран автобус со логото на кампањата. Брендираниот автобус ќе послужи и како подвижна училница, во која ќе се одвиваат едукативни работилници на тема насилство, организирани од лица вработени во Секторот за внатрешни  работи - Одделение за превенција со ученици од средните училишта од Скопје.

Активностите со патувачка училница започнаа на 20.11.2019 година (среда) во 12.00 часот. Воедно беше одбележан  и Светскиот ден за правата на децата.