Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди на 20 .11.2019 година во Средното сообраќајно училиште „Таки Даскалот“ во Битола се одржа предавање на кое присуствуваа учениците од четврта година од ова училиште, претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола и портпаролот на СВР Битола.
Предавањето за присутните го одржаа претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Северна Македонија.