16 октомври 2019

Во Тетово претставени превентивно-едукативните проекти, кои ќе се реализираат во училиштата во соработка со полицијата

 

 

Во рамките на планираните активности поврзани со почетокот на учебната година, денеска во Тетово, беше организирана средба на претставници на СВР Тетово, тетовската локална самоуправа, како и педагозите и психолозите од тетовските средни и основни училишта.

На средбата, чиј носител беше Отсекот за превенција, претставниците на училиштата беа информирани за тековните и идните активности од областа на превенцијата на тема „Јавниот ред и мир во училиштата и околу нив, дрогата и малолетничката деликвенција“.

На средбата се разговараше за содржината и целта на превентивно-едукативните проекти, кои наскоро ќе започнат во училиштата, а во кои тие заеднички ќе партиципираат со полицијата.

На претставниците од училиштата, исто така, им беа претставени и најефикасните практични форми и начини на меѓусебна соработка, посебно во препознавањето и навременото известување за евентуалните проблеми од безбедносни природа и карактер во и околу објектите.