Издавање на Уверение за државјанство

 

Издавање на Уверение за државјанство

Уверение за државјанство се издава на лице кое има државјанство на Република Северна Македонија.

Евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за странските државјани кои се родени на територијата на Република Северна Македонија се води во Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи определува матичен број на граѓанинот. Матичен број на граѓанин се определува според местото на запишување на граѓанинот во матичната книга на родени во Република Северна Македонија согласно со закон.

Услов : Да има државјанство на Република Северна Македонија и матичен број
 

Потребни документи : барање

Начини на доставување на уверение за државјанство:

·   Се подига лично или од полномошник

·   Дипломатско конзуларни претставништва (ДКП-а)

·   Електронска пошта

Уверение за државјанство  во хартиена форма се издава на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи на цела територија на Република Северна Македонија без оглед каде лицето има пријавено живеалиште.

Уверение за државјанство во електронска форма се добива на електронска пошта.

Услугата уверение за државјанство во електронска форма е достапна преку националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk

Уплата за уверение за државјанство - ПП50 уплатница за административна такса

100,00 ден.

view details icon

Уплата за уверение за државјанство - ПП50 уплатница за надомест

50,00 ден.

 
 
Вкупно :

150,00 ден.

         
Начин на уплата: уплатница или уплата преку ПОС терминал