Постапка за отпуст од државјанство на РСМ

 
 
 За отпуст од државјанство на Република Северна Македонија потребно е да се достави гаранција дека лицето кое бара отпуст од државјанство на Република Северна Македонија  ќе биде примено во странско државјанство или  да достави  доказ дека има странско државјанство ( патна исправа или уверение за државјанство).
Гаранцијата треба да се достави во оригинал, преведена на македонски јазик и заверена кај нотар или во дипломатско конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство ( освен ако гаранцијата е на српски јазик).

Барањето за отпуст од државјанство се поднесува  лично (не може со полномоштво) и  се поднесува според последно место на живеалиште во Република Северна Македонија или во дипломатско конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство.

Доколку барањето за отпуст е поднесено во Република Северна Македонија може да се поднесе барање решението за отпуст од државјанство да биде пратено и врачено во дипломатско конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство и да се достави контакт адреса и телефон во странство.

Доказите за отпуст од државјанство се прибавуваат по службена должност.

Административната такса за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија е 100 ЕВРА во денарска противвредност.

Ако барањето се поднесува во дипломатско конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство се плаќа и конзуларна такса.

При врачување на  позитивно решение за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија се поништува патната исправа и личната карта .

По 3 години од кога ќе биде врачено решението за отпуст може лично да се поднесе барање за повраток во државјанство на Република Северна Македонија.

 
 
 

 

Временски рок:  разумен рок