Издавање на патна исправа по итна постапка

ИЗДАВАЊЕ НА ПАТНА ИСПРАВА ВО ИТНА ПОСТАПКА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ДЕЦА ДО 4 ГОДИНИ
Лично присуство на детето.
Извод на родените – може постар или фотокопија.
Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
Барање.
4500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
Стариот пасош доколку е во важност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА ОД 4 ДО 18 ГОДИНИ
Лично присуство на детето.
Извод на родените – може постар или фотокопија.
Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
Барање.
4500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
Стариот пасош доколку е во важност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА ОД 18 ДО 27 ГОДИНИ
Лично присуство со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
Барање.
4500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
Стариот пасош доколку е во важност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА НАД 27 ГОДИНИ
Лично присуство со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
Барање.
4500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
300,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
Стариот пасош доколку е во важност.
 
Патната исправа во итна постапка, се издава најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесувањето на барањето за издавање на пасош.