Пријавување на живеалиште и престојувалиште

 

 

КАКО И КАДЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВАМ СВОЕТО ЖИВЕАЛИШТЕ?
    * КАКО:  Треба да ги поднесете следниве документи:

1.       Барање (кое ќе го добиете бесплатно во Министерството за внатрешни работи).

2.       Намерата за место на живеење се утврдува со оперативна проверка на терен од службени лица од надлежна полициска       станица.

·            доказ за сопственост на станот на кој се пријавува живеалиштето,

·          - договор за закуп на станот на кој се пријавува живеалиштето склучен во писмена форма и заверен од нотар,

·          - договор за послуга склучен во писмена форма и заверен од нотар,

·          - договор за доживотна издршка склучен во писмена форма и заверен во согласност со закон, со кој се воспоставува заедница на живот на давателот и примателот на доживотната издршка,

·          - писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење бесправно изграден објект за живеење на кој не му е утврден правниот статус (со или без поднесено барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект), со наведување постојна улица и број а, доколку ја нема, се наведува најблиската улица,

·          - решение за данок на имот за станбен објект во кој граѓанинот живее и доказ за платен данок за имот за наведениот објект,

·          - писмено известување за граѓанинот од социјалната, односно здравствената установа во која е сместен, во кое се наведува адресата на установата и целта поради која се дава   известувањето или

-писмено известување за бездомник од надлежниот центар за социјална работа до Министерството за внатрешни работи.

·         Ако живеете во стан кој е сопственост на вашите родители или деца, тогаш ќе го доставите нивниот документ за сопственост како и изјава од родителите/децата дека ќе живеете со нив.

    * КАДЕ: Во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи надлежна според местото каде што го пријавувате своето живеалиште.

ШТО АКО СЕ ПРЕСЕЛАМ ОД ЕДНО ВО ДРУГО МЕСТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА?
    * КАКО: Ако се преселите од едно во друго место во Република Северна Македонија, во рок од 8 (осум)дена треба да го одјавите претходното живеалиште и да го пријавите новото живеалиште, како за Вас така и за Вашите малолетни деца.  Притоа треба да ги поднесете следниве документи:

          o Барање
          o лична карта (или друга исправа со која може да се утврди вашиот идентитет)
          o обезбеден вселив стан
                + Документ дека станот е Ваша сопственост или  пак договор за закуп на стан во согласност со закон, заверен кај нотар.
                + Ако живеете во стан кој е сопственост на Вашите родители или деца, тогаш ќе го доставите нивниот документ за сопстве¬ност како и изјава од родителите/децата дека ќе живеете со нив. 
          o Потврда дека сте го одјавиле претходното живеалиште.
    * КАДЕ: Во подрачната  единица  на Министерството за внатрешни работи надлежна според местото каде што го пријавувате своето живеалиште.

ШТО АКО СУМ ЈА ПРОМЕНИЛ/А  АДРЕСАТА НА ЖИВЕЕЊЕ ВО ИСТА ОПШТИНА?
    * КАКО: Треба да ја пријавите промената на адресата на станот во живеалиштето за вас и вашите малолетни деца во рок од 8 (осум) дена и да приложите доказ за обезбеден стан за живеење.
    * КАДЕ: Во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

ШТО АКО СУМ ДРЖАВЈАНИН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И АКО СУМ СЕ ПРЕСЕЛИЛ/А ОД СТРАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО НАМЕРА ЗА ПОСТОЈАНО ЖИВЕЕЊЕ?
    * Доколку адресата на Вашето живеалиште е надвор од Република  Северна  Македонија, не е потребно да го одјавувате Вашето живеалиште во странство.  Сè што е потребно е да поднесете барање за пријавување на живеалиште во Република Северна Македонија со сите потребни докази, како што е објаснето погоре.


ШТО ТРЕБА ДА СТОРАМ АКО САКАМ ДА ПРЕСТОЈУВАМ
ПОДОЛГО ОД 30 ДЕНА ВО НЕКОЕ ДРУГО МЕСТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА  НАДВОР ОД МОЕТО ЖИВЕАЛИШТЕ?
   1. Ако имате намера да престојувате подолго од 30 дена надвор од местото на Вашето живеалиште, должни сте да се пријавите себе си како и да ги пријавите Вашите малолетни деца во рок од 3 дена кај надлежната полициска станица во местото каде што престојувате и да се одјавите непосредно пред заминувањето.
   2. За пријавувањето и за одјавувањето на престојувалиштето ќе добиете  потврда од надлежниот орган.
   3. Секои шест месеци треба повторно да го пријавите престојувалиштето.
   4. Ако сте сместени во хотел, во туристичко претпријатие, во студентски дом  или во интернат, тогаш тие се должни да го пријават и/или да го одјават вашето престојувалиште. Тие се исто така должни да водат евиденција (книга за гости) за сите пријавени лица.
   5. Не сте должни да го пријавите престојувалиштето доколку припаѓате на една од следниве категории:
          * воени лица кои престојуваат во касарни или во други воени установи;
          * работници на Министерството за внатрешни работи во објекти за посебна намена на Министерството;
          * осудени лица кои се на издржување на казна затвор во казнено-поправните установи или во воспитно-поправни домови;
          * лица кои се наоѓаат на лекување во здравствена организација и
          * лица кои престојуваат во објект или во  стан за одмор и за закрепнување во нивна лична сопственост.

 

Пријавување на престојувалиште се врши во подрачните единици на Министерството за внатрешни рабноти ( Управни служби).

           Пријавувањето на престојуваштето се врши најдоцна во рок од 48 часа по сместувањето, а одјавувањето пред напуштањето на објектот во кој граѓанинот бил сместен.

 

ШТО АКО ИМАМ НАМЕРА ДА ПРЕСТОЈУВАМ ВО СТРАНСТВО ПОДОЛГО ОД 3 МЕСЕЦИ?
   1. Доколку имате намера привремено да престојувате во странство за период од 3 месеци  до 1 година или да бидете на привремена работа во странство повеќе од 1 година, должни сте да го пријавите одењето во странство, со пополнување образец “Пријава на граѓанин за престој во странство подолго од три месеци”, кој може да го добиете:
          * кај надлежниот орган во местото на живеалиштето; или
          * на граничен премин; или 
          * во дипломатско-конзуларното  претставниште (амбасада или конзулат) на Република Северна Македонија во земјата во која престојувате.

   2. Имате обврска да го пријавите и Вашето враќање во Република Северна Македонија во рок од 3 дена од враќањето во местото на живеалиштето.

   3. Доколку со Вас носите малолетни деца, имате обврска да го пријавите и нивното одење во странство и враќањето во живеалиштето
   4. Ако не го пријавите Вашето заминување во странство, надлежниот орган по службена должност ќе врши евидентирање.

ВАЖНО

Доколку Министерството за внатрешни работи утврди дека Вашата поднесена пријава за пријавување на живеалиште, односно на престојувалиште или промена на адресата на станот содржи невистинити податоци, ЌЕ ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА И ЗА БРИШЕЊЕ ОД ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ЖИВЕАЛИШТЕ.

МОЖЕ  ДА БИДЕТЕ ПАРИЧНО КАЗНЕТИ !?
Ке бидете казнет со глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност  за прекршок ако не го пријавите или не го одјавите живеалиштето, односнo престојувалиштето или адресата на станот или ако не го сторите тоа  во пропишаниот рок, односно ако:
   1. Не го одјавите претходното живеалиште и не го пријавите новото живеалиште во рок од осум дена откако сте се преселиле од едно место во друго во Република Северна Македонија.

   2. Не го пријавите престојувалиштето во кое имате намера да престојувате подолго од 30 дена и кое е надвор од местото на вашето живеалиште, во рок од 3 дена откако сте пристигнале во него.
   3. Не го пријавите Вашето престојувалиште повторно на секои шест месеци .
   4. Не го пријавите заминувањето во странство, подолго од три месеци до една година или заминувањето во странство на привремена работа повеќе од една година.

КОЈ ДРУГ  МОЖЕ ДА БИДЕ ПАРИЧНО КАЗНЕТ?
Ø Ако користите услуги за сместување во угостителски туристички претпријатија, во студентски домови или во интернати, односно ако сте сместени кај други правни лица кои вршат таква дејност, а давателите на услугите не Ве пријават или не Ве одјават или ако не водат книга за гости или ја водат неточно или неуредно или на овластено службено лице на Министерството за внатрешни работи не му овозможат увид во книгите СЛЕДУВА ПАРИЧНА КАЗНА ЗА ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ИЛИ ЗА  ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА, во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност. 

- Согласно Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник број 160/2019 година, работното време во Отсеците за управни работи–Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, како и нивните подрачни единици, ќе се одвива двосменски од 07:30 до 15:30 часот и од 11:30 до 19:30 часот.

  Паузата во текот на дневното работно време ќе се користи од 12:00 до 12:30 часот во траење од 30 минути, а во втора смена од 15:00 до 15:30 часот.