Издавање на лична карта

  ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ  ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 072 92 92 92 и 0800 192 92 (само од фиксен телефон) 

 
ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ  http://termin.mvr.gov.mk/
 
Лична карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Северна Македонија.
 
  
Потребни документи за аплицирање за лична карта

Прва лична карта за полнолетни лица

·          Б арање

·          Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·          Лична карта од еден родител

·          Извод од матична книга на родените – оригинал или копија

Прва лична карта за малолетно лице (15 до 18 години возраст)

·          Б арање

·          Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·          потребно е лично присуство на двајцата родители со документ за идентификација

·          Извод од матична книга на родените – оригинал или копија

Замена на лична карта

·          Б арање

·          Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·          На увид старата лична карта  

Изгубена или украдена лична карта

·          Б арање

·          Изјава

·          Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·          Уплатница  60.00 денари за Службен Весник Или преку Пос терминал

·          Дупликат л.карта која не е во важност не треба да се огласи

 

Замена на лична карта по основ на склучен брак

·          Б арање

·          Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·          Извод од матична книга на родените со новото презиме со склучен брак или извод од матичната книга на венчаните

·          Старата лична карта

·          Важечка л.карта од сопругот или сопругата

 

 

Замена на лична карта со промена на адреса

·          Б арање

·            Уплатница 310,00 денари или уплата преку Пос терминал  

·            доказ за сопственост на станот на кој се пријавува живеалиштето,

·          - договор за закуп на станот на кој се пријавува живеалиштето склучен во писмена форма и заверен од нотар,

·          - договор за послуга склучен во писмена форма и заверен од нотар,

·          - договор за доживотна издршка склучен во писмена форма и заверен во согласност со закон, со кој се воспоставува заедница на живот на давателот и примателот на доживотната издршка,

·          - писмена потврда издадена од општината, со која се потврдува постоење бесправно изграден објект за живеење на кој не му е утврден правниот статус (со или без поднесено барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект), со наведување постојна улица и број а, доколку ја нема, се наведува најблиската улица,

·          - решение за данок на имот за станбен објект во кој граѓанинот живее и доказ за платен данок за имот за наведениот објект,

·          - писмено известување за граѓанинот од социјалната, односно здравствената установа во која е сместен, во кое се наведува адресата на установата и целта поради која се дава  известувањето или

·          -писмено известување за бездомник од надлежниот центар за социјална работа до Министерството за внатрешни работи.

·          Старата лична карта

 

Личните карти се изработуваат во рок од 15 дена од денот на поднесување на молбеното барање.

За сите нејаснотии во врска со потребните документи потребно е граѓаните да ги упатите во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
СЕКОЈА ИЗГУБЕНА ИЛИ УКРАДЕНА ЛИЧНА КАРТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ОГЛАСУВА ЗА НЕВАЖЕЧКА ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК