На 20.02.2025 во 17.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(37) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.02.2025 во 23.05 часот пред наплатна рампа Тетово на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода М.Ф.(20) и малолетник, двајцата од с. Урвич, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото возило „фолксваген поло" со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф., а малолетникот бил сопатник, кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана, додека кај М.Ф. бил пронајден нож. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 23.15 часот на кружен тек од улица „Маршал Тито" со улица „Видое Смилевски Бато" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.И.(32) од Тетово и А.А.(20) од с.Лисец, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 12.00 часот кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од Мобилната единица компезаторни мерки при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Џ.С.(32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 20.02.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 19.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 20.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(20) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 19.20 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Л.(56) од Велес. При контрола кај него и во такси возило, во кое се превезувал, биле пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.02.2025 во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.П.(48) од с.Горно Оризари, скопско, пријавил дека на пазарот во Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2025 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, И.Т.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2025 во 20.40 часот во Полициската станица Чаир, И.Б.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Скоевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник
На 20.02.2025 во 22.15 часот на локален пат помеѓу кичевските села Црвевци и Колибари, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Д.Е.(37) и М.Џ.(42), двајцата од кичевското село Зајас. При преглед во патничко возило „сеат ибица“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихауна. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.02 2025 во 19.45 часот во с.Липец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Ѓ.(60) од.с.Липец. Тој, околу 19.15 часот во селото, управувајќи трактор , тој оштетил патничко возило „бмв“ и го напуштил местото, по што удрил во бандера, а потоа агресивно се однесувал и упатувал закани на соопственикот на возилото Д.С. и неговиот брат С.С.. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2025 во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 - годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.02.2025 во СВР Штип, 47 - годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра. Имено, според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра. Како што е пријавено, откако ги земал парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат. Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисикат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2025 во 03.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Студеничани, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на З.Г., кој не бил во државата. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 20.02.2025 во 18.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена К.Н.(44) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во с.Кадино , општина Илинден. Увид бил извршен и за нападот бил изврстен трудов инспектор.
На 20.02.2025 во 21.30 часот, С.Б.(42) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 20.02.2025 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.Б.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 12.02.2025 на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од кривопаланечко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.02.2025 во семејната куќа во селото, пријавениот физички ги нападнал неговата 14 - годишна ќерка и неговата сопруга, по што со нож им упатил закани и оштетил дел од покуќнината..
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против Л.Д.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 01.02.2025 на место викано „Соларски мост“ во Крива Паланка, пријавениот со уште едно лице попречувале извршување на градежни работи од приватна фирма, им се заканувал на вработените, а упатил и закани кон Градоначалникот на општината.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од едно лице од Штип.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(28), И.С.(35), Н.П.(21), Е.Р.(24) и Ф.Х.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 19.11.2024, вработени во правно лице од Скопје, пријавиле нередовни уплати на дневни пазари од страна на пријавените - вработени во подружницата во трговски центар во Куманово, по што било констатирано дека за ноември 2024 не се уплатени финансиски средства по основ на дневен пазар во висина 417.014 денари и 59.426 денари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.Ѓ.(23) од светиниколско село и против В.Р. (47) од струмичко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Првопријавениот, околу една година во семејната куќа живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, додека, второпријавениот, родител на малолетниччката, не ја спречил неговата малолетна ќерка да живее вонбрачно.
СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(52) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 05.02.2025 во ходник од станбена зграда во Свети Николе, пријавената физички нападнала малолетничка од Свети Николе.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(71) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.11.2024 во плац во с.Желино, тетовско, пријавениот пријавениот физички го нападнал Ј.К., додека со дрвен предмет се обидел да го нападне Р.У..
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 02.01.2025 во Тетово, пријавениот физички нападнал малолетник од Тетово.