Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 19.02.2025

 

На 18.02.2024 во 16.05 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Т.(27) од Радовиш. Откако бил забележан од полициските службеници, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, во близина на местото биле пронајдени неколку пакувања марихуана и дигитална вага, кои биле подигнати за понатамошна постапка. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2025 во 21.30 часот кај клучката за с.Тумчевиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(20) од с.Топлица, гостиварско, Е.С.(33) од с.Добридол, гостиварско, Р.С.(34) од с.Инџиково, скопско и В.А.(26) од с.Грчец, скопско. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 19.02.2025 во 04.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода В.Ј.(41) и С.С.(45), двајцата од Гевгелија. При преглед кај нив, кај В.Ј. биле пронајдени и одземени прашкаста материја, таблети и предмет со остатоци од прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 16.50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(24) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 13.10 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај влезот за Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(25) и В.Х.(20), двајцата од Тетово. При преглед над нив и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А., кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 11.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.02.2025 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.02.2025 во 22.30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.С.(58) с.Чегране, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ по член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 18.02.2025 околу 10.35 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека при извршен претрес во затворениот дел од установата биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.02.2025 во 17.30 часот на Граничниот премин Стење, за влез во државата, полициски службеници го привеле Х.С.(29) од Република Србија затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека не поседувал целосна документација за патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а било сопственост на друго лице. При претрес во возилото биле пронајдени и одземени документи кои биле на туѓо име, а тој не поседувал оригинална сообраќајна дозвола за возилото. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Ресен за понатамошна постапка.

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 18.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Б.(34) од Скопје пријавила дека во комплексот „Расадник“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 18.02.2025 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.С.(46) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 18.02.2025 во 16.50 часот во Полициското одделение Петровец, И.Б.(40) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека во с.Средно Коњари, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 18.02.2025 во 21.00 часот на ул.„Коста Абрашевиќ“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(51) од Кичево и против правен субјект од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 30.12.2024, при претрес во домот на Ф.А. и во правниот субјект, каде што тој е управител, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиротехнички и распрскувачки материи, кои неовластено ги поседувал.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Пријавениот А.Р. , без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес кај него и во неговиот дом во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин.

 

На 18.02.2025 во 19.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на М.М.(40) од с.Василево, струмичко. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.02.2025 во 11.50 часот во СВР Тетово, 42-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од С.А., А.Л. и А.„Н“. Според пријавеното, во текот на 2021 година го довеле во заблуда и во банка потпишал некои документи за што како поклон С.А. му дал 5.000 денари. Како што е пријавено, на 25.09.2024 примил покана за судска расправа, каде дознал дека осигурителна компанија поднела тужба против него и две лица од с.Пирок и с.Копанце за наводно сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“, односно дека осигурителната компанија пуштила 350.000 денари на негово име за претрпена штета при сообраќајна несреќа, во која наводно бил учесник, а подоцна бил прогласен за виновен и требало да ги врати парите, кои никогаш не ги подигнал. Исто така, според пријавеното, тој никогаш не бил учесник во сообраќајна незгода, ниту пак имал повреди во сообраќајна незгода, така што смета дека целокупната документација која гласи на негово име била фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(30) од селото Требеништа, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа автоматска пушка, пиштол, ловечка пушка и повеќе куршуми со различен калибар.

 

На 18.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати. Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава проти Р.К.(47) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, тој на катарстарска парцела на улица „Елена Ѓика“ во Дебар извршил доградба на деловен простор без одобрение за доградба, што е спротивно на Законот за градење.

 

На 14.02.2025 во 16.43 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во Итна медицинска помош на преглед се јавил В.Ф.(40) од Крушево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување службени задачи како шумочувар во ЈП „Национални шуми“- подружница Бигла - Демир Хисар. За настанот бил известен трудов инспектор и се преземаат мерки за негово расчистување.

 

На 18.02.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје, А.Д.(23) од с.Волково, скопско, пријавила дека околу 12.45 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, едно женско лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.02.2025 во 14.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.20 часот во објект на подрачјето на Ѓорче Петров, Г.Х.(22) од с.Милетино, тетовско, бил физички нападнат од Р.Љ.(26) и А.Љ.(21), двајцата од Скопје, при што едниот од нив употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.02.2025 во 10.00 часот во светиниколско село, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.К.(28) од селото. Тој се сомничи дека претходно во нејзиниот дом допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка од истото село. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.02.2025 во 20.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачјето на Центар, две лица со закана од И.Х.(20) од Скопје одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.02.2025 во 10.15 часот во Полициската станица Карпош, од јавната установа - Детски дом „11 Октомври“ било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 18.02.2025 во 22.50 часот во СВР Битола, Ф.Н.(45) од Велес пријавила дека на ул.„Широк Сокак” во Битола била касната од куче скитник.

 

На 18.02.2025 во 12.15 чаот во СВР Битола, М.Г.(19) од Битола пријавил дека на ул„Јане Сандански” во Битола бил каснат од куче скитник.

 

На 18.02.2025 во 19.20 часот во СВР Велес, Х.Д.(51) од Велес пријавила дека на ул.„Т.Јанев“ во Велес била касната од куче скитник.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 20.11.2023 до 25.09.2024, пријавената измамила 10 лица од Штип и Пробиштип со лажно прикажување на факти преку огласи на социјални мрежи дека поседувала станови за изнајмување во Штип, Скопје, Охрид и Република Грција и на тој начин ги навела оштетените однапред да уплатат одреден износ на трансакциска сметка или однапред да ѝ дадат пари на рака.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.К.(51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.10.2024 во Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле кокаин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.03.2024 во с.Сирково, општина Росоман, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе куршуми различен калибар, дозери за барут, барут, повеќе пакувања со сачми, иницијални каписли за ловечка муниција и ловечки патрони.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(59) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „насилство врз дете“. На 06.02.2025 во училница во средно училиште во Кочани, додека одржувал настава, пријавениот физички и со метален предмет нападнал 17-годишен ученик.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Тетово и против А.У.(24) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на малолетни лица“. На 10.11.2024 била извршен аконтрола во угостителскиот објект, при што полициски службеници затекнале 17-годишник, кој бил под дејство на алкохол.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. При извршен надзор на катастарска парцела во с.Љубаништа, охридско, било констатирано дека пријавениот не поседувал одобрение за градење за два објекти кои биле во изградба, при што било донесено решение за нивно отстранување.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.У.(46), О.С.(47), Ш.И.(54) и Х.Г.(44), сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во октомври 2022 година, на катастарска парцела на место викано „Ракики“ во с.Долно Јеловце, гостиварско, пријавените узурпирало државно земјиште под привремена заштита на Национален парк „Шар Планина“, каде била поставена барака.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 21.12.2024 во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, пријавениот дал лажен исказ дека на 20.12.2024 во двор од семејната куќа едно лице со пиштол му се заканувало.