Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 16.02.2025

 Денеска (16.02.2025) во 01 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.П.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (16.02.2025) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(41) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.(41) од Скопје, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ . Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.02.2025 во 14.50 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ѓ.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени три ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 во 20.10 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„12-та Македонска бригада“ во Скопје, била касната од куче скитник.

 
 

На 15.02.2025 во 16.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.А.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„2“ во с.Визбегово, скопско, бил каснат од куче скитник.

 

На 15.02.2025 во 11.55 часот во Полициската станица Кичево С.Н.К.(42) од Кичево пријавила дека на ул.„Јоаким Крчоски“ во Кичево нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 15.02.2025 во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.02.2025 во 15.50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Стеван Стеваноски – Царчето" во Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(32) и Д.Р.(29), двајцата од Прилеп. При преглед кај М.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 15.02.2025 во 10.35 часот, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на распишана централна потерница, на ул. „Караорман“ во Битола го лишиле од слобода В.Б.(25) од Битола, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од три месеци. В.Б. ќе биде спроведен во Затвор Битола.

 

На 15.02.2025 во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 15.02.2025 во 17 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје, и Л.М.(56) и Д.Б.(29), двајцата од Велес. Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. При тоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 
 

На 15.02.2025 во 11.50 часот во Полициска станица Велес, А.М.(18) од село Башино село, велешко, пријавил дека на улица „Вардарска“ во Велес, бил каснат од куче.

 
На 15.02.2025 во 20.40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 

 

 

Денеска (16.02.2025) во 00.45 часот во СВР Скопје Н.С.(53) од Скопје пријавила дека на 15.02.2025 околу 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.02.2025 во 16.25 часот во СВР Скопје Г.Ѓ.(58) од Скопје, пријавил дека околу 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од И.Љ. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.02.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.З.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра З.Н.(51). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 15.02.2025 во 16.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Јавна установа за згрижување било пријавено дека бил пронајден нивниот штитеник Н.С.(13), кој на 13.02.2025 беше пријавен дека се оддалечил од домот.

 

Денеска (16.02.2025) во 01.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле П.Л.(27) и Љ.С.(26), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово, било пријавено дека околу 17.00 часот вработен во установата, бил физички нападнат од осуденикот Т.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.02.2025 во 16.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.К.(36) од Штип, по претходна пријава, дека околу 13.00 часот во семејниот дом, со тврд предмет физички го нападнала нејзиниот 69-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 во 01.20 часот на патот Штип-Кочани кај с.Чешиново, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена ловна пушка, која претходно ја одзел од домот на С.М. од с.Жиганци. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.02.2025 во 14.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Г.Ѓ.(42) од Гостивар. При претресот биле пронајдени три шприца со течност, една дигитална вага, марихуана... Поради основано сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од слобода биле лишени Г.Ѓ. и неговиот татко Ј.Ѓ.(69) од Гостивар. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.