Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 11.02.2025


На 10.02.2025 околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко. Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.02.2025 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле К.С.(55) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 10.02.2025 во 17.40 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.А.(57) од Гостивар затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 20.40 часот на ул.„Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Д.(31) од с.Бистрица, битолско и Ј.Б.С.(36) од Битола затоа што при преглед кај нив, кај Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во с.Глумово,скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(38) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, во с.Глумово, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ф.(47) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Д.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат“ и ул.,,Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник - Д.К.(27) од Скопје и возачот М.А., констатирани во Општа болница Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 10.02.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Драчево, Г.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.02.2025 во 13.15 часот во ОВР Гостивар, Х.Р.(73) од Гостивар пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 10.02.2025 во 17.35 часот во ОВР Прилеп, В.Н.(31) од Прилеп пријавила дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп била касната од куче скитник.

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје. На 11.02.2025 во 00.06 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Исто така, по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска (11.02.2025) во 08.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(51) од Скопје поради сомнение дека претходно во автобус на ЈСП, од 46 - годишна жена од Скопје одзел мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.02.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село, пријавила дека на 10.02.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Свети Николе, со престој во Скопје, пријавила дека истиот ден во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг С.Б. агресивно се однесувал кон неа, а на 08.02.2025 со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.02.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје, неколку граѓани пријавиле дека на 09.02.2025 околу 16.00 часот на гробишта на подрачјето на Ѓорче Петров забележале едно лице како оштетува повеќе надгробни плочи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во напуштена барака. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

На 10.02.2025 во 10.20 во Полициската станица Велес, М.С.(49) од Велес, пријавил дека во дворот од Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.В.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 08/09.02.2025 пред ноќен клуб во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 10.12.2024, пријавениот лажно пријавил кривично дело „кражба“, а наводно украдените предмети всушност ги дал на друго лице.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 25.10.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека лицето не поседува лиценца за вршење јавен превоз од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, псохотропни супстанци и прекурзори’. На 03.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 28.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Т.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.02.2025 во с.Ложани, струшко, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 8 мм, автоматска пушка со дрвен кундак и рамка за пушката.