Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 09.02.2025

На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49) од Сојузна Република Германија. При контрола во возилото „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 08.02.2025 во 21.00 часот на локален пат с.Нераште, тетовско -  с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Н.А.(44) од с.Доброште, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 08.45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по негово документирање против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 08.02.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје  затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Л.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник  од населба Илинден, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 17.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Н.(30) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат неколку страници. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка. 

На 08.02.2025 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 08.02.2025 во 15.30 часот во Полициското одделение Сарај, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека во с.Долно Свиларе, општина Сарај, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
 
На 08.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (09.02.2025) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Ц.(22) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во периодот од 10.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на подрачјето на Куманово. При контролата, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки. Изготвени се записници за констатирана состојба. 

Денеска (09.02.2025) во 03.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во атар на с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(44) од с.Злетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.   

На 08.02.2025 во 21.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Е.(30) и Д.Е.(26), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички го нападнале М.Р.(32) од Скопје. По целосно  документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (09.02.2025) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(32) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.02.2025 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Ј.(56) од Скопје. Тој се сомничи дека, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, околу 01.30 часот со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите. Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 08.02.2025 во 17.55 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 17.00 часот на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кај место викано Мездра во Свети Николе, настанал пожар на патничко возило „опел зафира“ со светиниколски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Н.(19) од Свети Николе. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе.      

На 08.02.2025 во 15.36 часот во СВР Штип, П.С.(68) од Штип пријавил дека околу 15.25 часот во дворот од семејната куќа, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од соседот Ј.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 08.02.2025 во 00.50 часот во СВР Штип, К.К.(43) од Штип пријавила дека на 07.02.2025 околу 19.00 часот во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов малолетен другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 08.02.2025 во 11.50 часот во Полициската станица Крива Паланка, Ш.Н.(33) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 11.45 часот кај Зелен пазар во Крива Паланка бил физички нападнат од В.Д.(49) од Крива Паланка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (09.02.2025) во 05.30 часот во СВР Скопје, И.К.(38) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот во дворот од нејзината куќа на подрачјето на Бит Пазар, две машки лица ѝ се заканиле со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.02.2025 во 15.05 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во магацин на правен субјект во Пробиштип, при што биле одземени повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 08.02.2025 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром, едно машко лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Денеска (09.02.2025) во 01.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.А.(39) од Скопје пријавил дека од домот на својата баба на подрачјето на Шуто Оризари се оддалечила неговата ќерка А.А. (15) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.