На 07.02.2025 во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени. Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата. По целосно документирање на настанот, против К.С. ќе следува соодветна пријава.
На 07.02.2025 во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
На 07.02.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Ј.(46) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и други предмети. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по брза постапка.
На 07.02.2025 околу 14.30 часот во угостителски објект во Кичево, каде што работел, од слобода бил лишен Р.Ј.(32) од Кичево затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Подоцна, со негова согласност, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дробилка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.02.2025 во 22.30 часот на стариот пат од Прилеп за Битола, кај с.Беровци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишиле од слобода С.И.(27), С.С.(20) и М.М.(20), сите од Битола. При преглед кај нив, кај С.И. и С.С. била пронајдена и одземена марихуана, додека при преглед во патничкото возило „пежо" со битолски регистарски ознаки, кое го управувал С.И., биле пронајдени неколку шишиња исполнети со жолтеникава течност. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветен поднесок. .
На 07.02.2025 во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Х.Б.С.(19) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.02.2025) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(27) од с.Агино село, кумановско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.02.2025) во 01.35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Г.(35) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.02.2025) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (08.02.2025) во 02.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Ј.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 околу 09.05 часот во СВР Тетово, од Воспитно - поправниот дом во с.Волковија било пријавено дека на 06.02.2025 во 21.00 часот, вработените пронашле и одзеле хероин кај тројца малолетни штитеници од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 07.02.2025 во 21.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(38) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, кои се обидел да ги фрли и да избега, но бил спречен и фатен. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.02.2025 во 01.45 часот пред ноќен клуб на ул.„Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 21.20 часот на ул.„Караорман" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Џ.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 15.40 часот на ул.„Брегалничка" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Р.(36) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 22.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 12.00 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(26) од с.Огњанци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 11.45 часот на подрачјето на с.Мирковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Е.(18) и Р.Д.(29), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 16.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил камен" во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи" без регистарски таблички, управуван од 17 – годишник од с.Братиндол, битолско и патничко возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(26) од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 07.02.2025 во 13.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Ново село, општина Желино, патничко возило „фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.А.(53) од с.Ново село, удрило во малолетен пешак. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 07.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 91-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи - управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 07.02.2025 во 19.35 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода М.С.(56) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил и тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 02.25 часот во кривопаланечко село, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Б.М.(40) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 06.02.2025 во семејниот дом физички ја нападнал својата 39-годишна сопруга. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.02.2025 во 11.55 часот во Скопје, пред трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска (08.02.2025) во 02.24 часот во СВР Скопје, А.И.(21) од Скопје пријавил дека околу 02.10 часот во с.Долно Лисиче, скопско, по кратка расправија со три машки лица, бил физички нападнат од едниот од нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром, едно машко лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје, С.А.(42) од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, четворица малолетници со употреба на физичка сила од неговиот малолетен му одзеле личен предмет, а откако излегле од автобусот двајца од нив физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.02.2025) во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.02.2025 во 23.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во куќа, сопственост на М.Л.(88) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
На 07.02.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 08.00 часот во с.Ерџелија, светиниколско, настанал пожар во куќа, сопственост на Д.С.(43) од с.Ерџелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 07.02.2025 во 18.58 часот во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 07.02.2025 во 20.00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го пронашле А.М.(16) од Струмица, штитеник на Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип, а за кој на 24.01.2025 во СВР Штип од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 07.02.2025 во ОВР Кичево, Б.С.(35) од кичевското село Карбуница пријавил дека на улица „Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Р.И.(71) од Кичево пријавила дека на улица „Партизански одреди“ во Кичево била касната од куче скитник.