Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 04.02.2025

На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново - Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново- Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.

На 03.02.2025 во 18.30 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Џ.К.(52) од с.Врбоец, крушевско. При претресот во неговата куќа во с.Врбоец, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 03.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш ги лишиле од слобода А.П.(21) од Радовиш и Р.Т.(29) од село Раклиш, радовишко. При претрес во домот на А.П., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека Р.Т. бил затекнат заедно со А.П. во нејзиниот дом и при преглед кај него, исто така, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.02.2025 во 06.52 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.02.2025 во 20.40 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(20) и В.Т.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.02.2025 во 22.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ј.(28) од с.Гајре, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 03.02.2025 во 13.15 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес во затворот, во креветот на осуденикот А.С.(36) од Скопје биле пронајдени 31 таблети. Полициски службеници од СВР Штип ги одзеле таблетите и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2025 во 00.45 часот на ул.„Јане Сандански” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Б.(32) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 03.02.2025 во 16.00 часот во продажен објект во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Р.И.(41) од Битола, затоа што била затекната при вршење кражба во објектот, при што одзела повеќе производи. По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава.

На 04.02.2025 околу 00.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(37) од Штип. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на В.Д.(58) од Штип, при што физички го нападнал М.К., роднина на сопственикот, со тврд предмет го оштетил неговото возило, како и неколку прозорци од куќата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2025 во 11.15 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го привеле М.С.(52) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

На 03.02.2025 во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари - с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

На 03.02.2025 околу 18.24 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Драгоево со магистралниот пат Радовиш - Штип, патничко возило „рено меган“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(36) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.Т.(36) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

На 03.02.2025 околу 14.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит - Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 03.02.2025 во 14.15 часот во СВР Битола, И.Ј.(43) од Битола пријавил дека на ул.„Никола Тесла” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2025 во 12.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.П.(47) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 03.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.В.(19) од с.Сарај, скопско, пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.09.2024, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и Б.И.(52), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 30.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

На 03.02.2025 во 21.00 часот во индустриската зона Ќојлија, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(29) од с.Петровец, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.02.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.В.(30) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот дедо М.В.(67) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 03.02.2025 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, А.А.(30) од Гостивар пријавил дека на ул.„Б. Велјаноски“, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 03.02.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово Г.Р.(45) од Тетово пријавил дека на улица „146“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 17.12.2024 во круг на основно училиште во Свети Николе, пријавениот физички нападнал малолетник од Свети Николе.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 22.02.2024 во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, куршуми...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 30.08.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што бил пронајден и одземен хероин.