На 02.02.2025 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле К.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 17.27 часот на Граничниот премин Стар Дојран, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Н.С.(25) од Република Грција. При контрола во патничко возило „шкода октавиа“ со струмички регистарски ознаки, во кое бил сопатник и при преглед кај него, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветан пријава.
На 02.02.2025 во 13.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(36) од Косово, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
На 31.01.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје во врска со точење алкохол на малолетни лица и други кривични дела. Притоа, во еден од објектите биле затекнати тројца малолетници кои консумираат алкохол, а било извршено легитимирање на 10 лица. Од друг објект приведени се 12 лица за утврдување идентитет. Додека, во трет угостителски објект од слобода биле лишени 21 лице кои биле затекнати во објектот. Биле земени и примероци од алкохолните пијалоци кои ги консумирале малолетниците. По завршување на вештачењето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека од Државниот пазарен инспекторат ќе им бидат изречени парични казни и управна мерка затворање на објектите на 30 дена.
На 02.02.2025 во 23.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.Р.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.02.2025 во 20.41 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
На 02.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Гостивар, М.Е.(57) од Гостивар пријавил дека во с.Долна Бањица бил каснат од куче скитник.
На 02.02.2025 во 17.20 часот во ОВР Гостивар, М.С.(61) од Гостивар пријавила дека претходниот ден околу 13.30 часот, во Градскиот парк во Гостивар била касната од куче скитник.
Денеска (03.02.2025) во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје било опожарено патничко возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.В.(45) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.02.2025 околу 16.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во с.Разловци, делчевско, К.К.(52) од село Разловци, управувајќи трактор „имт“ на некатегоризиран пат во селото, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ„Гоце Делчев“ во Делчево, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.
На 02.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена, пријавила дека околу 13.30 часот во семејниот дом во скопско село, таа и нејзината мајка, биле физички нападнати од нејзиниот поранешен брачен партнер С.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.02.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје. Извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото. Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.
На 02.02.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, С.Н.(67) од Битола пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Наумов “во Битола бил каснат од куче скитник.
На 02.02.2025 во 09.40 часот во ОВР Прилеп, С.Н.(47) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп била касната од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.12.2023 во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 22.12.2024 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола.