На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ и ул. „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот, без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Денеска (01.02.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 23.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.Т.(34) од с.Визбегово,скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.02.2025) во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода В.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 околу 07.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на клучка Орман, патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 31.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ј.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 31.01.2025 во 14.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Б.(50) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека на ул.„Париска комуна“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 31.01.2025 во 15.25 часот во Полициската станица Берово, М.Л.(35) од Штип пријавил дека во с.Мачево, беровско бил каснат од куче со сопственик.
На 01.02.2025 во 03.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле С.У.(34) од Кавадарци, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправната установа Затвор Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
На 31.01.2025 во 13.20 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.Д.(47) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.01.2025 во 18.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Ј.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд-Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот и парцелата која ја користи при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага, 34 куршуми, а исто така и доброволно предал три кесички со бела прашкаста материја кои ги чувал во друг стан, кој го користел под кирија. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.215 и чл.396 од КЗ.
На 31.01.2025 во 20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба, на улица „Браќа Ѓиноски" го привеле Е.Е.(37) од Гостивар, кој бил баран за издржување на затворска казна во врска со член 144 од КЗ. Тој е предаден во КПУ Затвор Тетово, за издржување на казната.
На 31.01.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 17- годишен малолетник од Прилеп, 15-годишен малолетник од с.Бела Црква и М.З.(21) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава во 19.30 часот од Р.Ш.(50) од с.Бела Црква, прилепско, кој пријавил дека на ул.„Кузман Јосифоски" во Прилеп од неговиот малолетен син со закана од оружје било одземено златно ланче. Кај М.З. бил пронајден и одземен пиштол, а кај 17 - годишниот малолетник било пронајдено златното ланче. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.
Денеска (01.02.2025) околу 01 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(38), двајцата од Штип. При извршен претрес во објект кој го користел В.Ш., биле пронајдени грутчеста материја, бела прашкаста материја и 305.500 денари и 7250 евра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 14.30 часот, 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.С.(33) од општина Арачиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 21.09.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднeсе кривична пријава против С.Џ.(33) од с.Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 20.12.2024 во с.Матејче, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле пиротехнички средства.
На 31.01.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, по претходна пријава од О.Ц.(48) од Белорусија, со престој во Скопје, дека околу 19.00 часот на автобуска постојка тие физички го нападнале неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (01.02.2025) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.С.(36) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот 35-годишен сопруг дека на 31.01.2025 околу 18.00 часот, во семејниот дом агресивно се однесувала и му упатувала закани со остар предмет, а потоа со тврд предмет го оштетила возилото на неговиот брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.01.2025 во 13.30 часот во СВР Скопје, М.Н.(18) од с.Арачиново,скопско, и М.А.(18) од Скопје пријавиле дека околу 09.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар биле физички нападнати од три лица, кои при нападот користеле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2025 во 22.07 часот во СВР Скопје Е.Н.(43) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2025 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 30.01.2025 околу 23.30 часот во семејниот дом во скопско село, 16-годишна малолетничка била физички нападната од нејзиниот татко А.А. и нејзиниот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.02.2025) во 03.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Д.С.(32) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.02.2025) во 10.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 31.01.2025 во 12.45 часот во СВР Скопје, Д.Д.(24) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на настрешница на верски објект на подрачјето на општина Аеродром, пронашол тегла со зелена тревкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.