На 26.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје. Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено - поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци. При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка.
На 26.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност.
На 26.01.2025 во 09.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Џ.К.(49) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија дрога и оружје при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка пронашле и одзеле ловечка пушка „Бајкал“ и патрони со калибар 12 за пушката. Џ.К. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (27.01.2025) во 02.25 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј.(20) и Д.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Х.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Т.(30) од с.Шишево, скопско и О.К.(36) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од с.Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.01.2025 во 01.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Е.Р.(20), Б.Д.(21) и М.Д.(22), сите од с.Добридол, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Р., а другите двајца биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол „Глок“. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 14.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле слобода Ј.Џ.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека на 25.01.2025 извршил „тешка кражба“, при што од А.Б(40) од Гостивар одзел гулаби. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Кај него бил пронајден и одземен скутер без регистарски таблички, кој потекнува од кривичното дело и кој бил вратен на сопственикот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 04.30 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, полициски службници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на кражба во продажен објект. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 10.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени нож и метална палка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(60) и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 26.01.2025 во 11.10 часот во ОВР Неготино, Г.И.(43) од Неготино пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 26.01.2025 во 13.50 часот во ОВР Неготино, И.Т.(76) од Неготино, пријавила дека на улица „Киро Крстев“ во Неготино била касната од куче со сопственик.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.К.(27) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.К.(45) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициските службеници констатирале дека тој со моторно возило „опел вектра“ врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
На 26.01.2025 во 20.40 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(45) од Прилеп поради сомнение дека извршил тешка кражба во објект на Здравствен дом - Прилеп. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 16.30 часот во село на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(39), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 43 - годишна сестра и неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 01.00 часот во СВР Скопје, З.Ј.(33) од с.Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 19.20 часот во викенд куќа на неговиот пријател Љ.С.(67) од с.Морани, скопско, четири лица физички ги нападнале двајцата, при што употребиле дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(20), Џ.Ш.(34), Ф.Џ.(22), А.М.(23), А.И.(21), М.И.(21) и И.Ф.(21), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале и упатувале закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
На 26.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје, И.А.(41) од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзините две малолетни ќерки биле физички нападнати од две други малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, Х.И.(22) од Скопје пријавил дека околу 14.10 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила му ја одзело чантата со пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 15.30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(51) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана од неговиот малолетен син одзел лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.01.2025 во 22.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Е.(45) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга Х.А.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (27.01.2025) во 10.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Б.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 26.01.2025 во 11.20 часот во ОВР Гостивар, А.Р.(62) од Гостивар пријавил дека околу 11.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(69) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид. На 22.01.2025 во с.Клечовце, по претходна расправија и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Д.Ј..
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ и против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 20.12.2024 во Скопје, првопријавениот физички нападнал едно лице и му одзел мобилен телефон и пари, а на 18.01.2025 со погоден алат влегол во угостителски објект и одзел пари и други предмети. Додека, на 26.12.2024 заедно со второпријавениот, со физичка сила и тврд предмет влегле во угостителски објект од каде одзеле мобилен телефон.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „измама“. Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово. Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.12.2024 во просториите на ОВР Кочани, пријавениот во два наврати, физички нападнал двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(58) и Н.Р.(37), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.11.2024 во просториите на Основен суд Штип, првопријавениот упатил закани кон полициски службеник од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Штип, а подоцна во дворот на судот, пријавените упатиле закани кон двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себе.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 20.11.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава Д.О.Ј.(26) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 16.01.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 04.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка, ловечка пушка, патрони со калибар 12 мм, куршуми со калибар 7,62 мм, цевки за огнено оружје, црн тромблонски додаток, цевка со механизам за испалување, затворач и други делови за оружје.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.Д.(44) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „криумчарење на мигранти’’. На 22.01.2025 на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово, пријавениот во патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, превезувал три лица мигранти, од кои две лица од Непал и едно од Индија.