На 24.01.2025 во 22.15 часот во с.Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од с.Трубарево, скопско. Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21.00 часот со употреба на сила влегол во дворно место на Љ.П.(63) од с.Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн. Кај него биле пронајдени одземените делови и биле вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава" и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобда Р.Љ.(65) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 22.20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.П.(19) од Неготино затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 02.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.А.(22) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 21.30 часот на ул„Крушево" во Битола, полициски службници од СВР Битола го лишиле од слобода од А.Р.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документурање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 26.01.2025 во 04.35 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.Р.(34) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 25.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Скопје, удрило во метална канделабра. Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д.(34) од с.Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
На 25.01.2025 во 20.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на булевар „Браќа Ѓиноски" во Гостивар, патничко возило „фолксваген поло" со гостиварски регистарскми ознаки, управувано од М.Ф.(26) од Гостивар, удрило во пешакот М.С.Р.(48) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С.Р., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 25.01.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ била каснат од куче скитник.
На 25.01.2025 околу 11.00 часот во Полициското одделение Мирковци, С.Т.(67) од Скопје пријавила дека во викенд населба Побожје била касната од куче скитник.
На 25.01.2025 во 16.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „4 Јули“ во Неготино, Л.Ќ(59) од Неготино била каснат од куче скитник.
На 25.01.2025 во 22.30 часот во Пробиштип, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип го лишиле од слобода А.Ј.(30) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски слуижбеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од СКопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.01.) во 00.55 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (26.01.) во 04.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 01.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобоа И.М.(22) од Штип затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 11.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Р.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот на бул.„Киро Глигоров“ физички го нападнал Д.С.(50) од Крива Паланка. По целосно документирање на случајот бил поднесен соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 16.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.И.(71) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата партнерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Скопје поради сомнение дека со уште едно лице агресивно се однесувал и упатувал закани на вработен во Град Скопје кој извршувал службени дејствија и дека предизвикал пожар на дива депонија на ул.„Скупи“. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.01.2025 во 02.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во с.Арачиново, скопско, во која никој не живеел и чии сопственици биле иселени, биле фрлени две шишииња со запалива материја, од кои едното предизвикало експлозија и пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.01.2025 во 10.06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци - Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ - Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
На 25.01.2025 во 14.10 часот во ОВР Гостивар, Ј.А.(45) од с. Вруток, гостиварско, пријавил дека околу 08.15 часот на улица „ЈНА" во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 25.01.2025 година во 14.50 часот во ОВР Гостивар, З.Ф.(45) од с.Здуње, гостиварско, пријавил дека на улица „ЈНА" во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 25.01.2025 во 18.25 часот во ОВР Кичево, С.В.(66) од Кичево пријавил дека на улица „Димитар Влахов“ во Кичево бил каснат од куче скитник.