На 24.01.2025 во 23.10 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“. Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.
На 25.01.2025 во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.01.2025 во 01.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 18.45 часот на крстосница од улица ,,Маршал Тито" со улица ,,Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(38).од Скопје, кој бил баран по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 24.01,2025 во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(26)од с.Горно Количани, скопско, кој бил баран по потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 24.10.2023 во 23.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(43) од Косово затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „АПСИ“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
На 24.01.2025 во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(74) од Крива Паланка, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(80) од Крива Паланка и бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде што починал. Додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С. и сопатникот М.П.(47) од Крива Паланка.
За време на вршење на увидот, во 17.39 часот, патничко возило „опел корса“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(71) од Крива Паланка, удрило во патничко возило „мерцедес“,сопственост на Јавното обвинителство Куманово и во четири полициски службеници кои биле на увидот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.С.(59) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „опел корса“, двајца полициски службеници и една полициска службеничка, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местот на несреќите извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.
На 24.01.2025 во 15.21 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Демир Хисар – Битола, кај с.Драгожани, патничко моторно возило „рено" со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(18) од с.Суводол, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., а сопатникот А.Т.(23) од Демир Хисар се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 24.01.2025 во 13.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Д.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.
На 24.01.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.Т.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Лисец“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 24.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(84) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.
На 23.01.2025 околу 19.10 часот во с.Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштоли ги поседувал без дозвола. По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.
На 24.01.2025 околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и бул.„ Трета МУБ“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(41) од Куманово и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.С.(52) од Скопје, сопатничка во возилото „поло“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.
На 24.01.2025 во 13.43 часот во Полициската станица Чаир, од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, кој го носел нивен ученик, била повредена малолетна ученичка. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од 09.00 до 09.30 часот во училница, еден ученик го извадил пиштолот, кој му бил одземен од друг ученик, кој пак испукал една дијабола и повредил ученичка, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Пиштолот бил одземен од вработените, а увид извршила екипа од ЕВР Чаир. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (25.01.2025) околу 11.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(33) од с.Арачиново. Тој се сомничи дека на 24.01.2025 со пиштол се заканувал на Е.М.(29) и Ш.Ш.Љ.(40) во дворот од нивната куќа во с.Сингелиќ, скопско. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него Единицата за насилен кривимал при СВР СКопје ќе поднесе соодветна пријава.
На 24.01.2025 во 20.54 часот во СВР Куманово, А.С.(57) од Куманово пријавил дека пред казино на ул.„Борис Кидрич“ бил физички нападнат од С.М.(70) од Куманово. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.01.2025 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.Р.(76) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 24.01.2025 во 14.10 часот во СВР Штип, од Јавната установа меѓуопштински центар за социјални работи Штип било пријавено дека од Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.