Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 24.01.2025

На 23.01.2025 во 21.30 часот во Тетово на улица „Браќа Миладинови“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 24.01.2025 во 00.00 часот во Тетово на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Ш.(18) и Р.М.(35), двајцата од с.Нераште. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и две дробилки. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 23.01.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која што патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(65) од Скопје, удрило во паркиран автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од  Д.С.(56) од село Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот, Л.П.С., а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 23.01.2025 околу 15.40 часот, во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот  пат Штип–село Стар Караорман, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г.В.(40) од село Таринци, општина Карабинци, излетало од коловозот. Во несреќата Љ.Г.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија.  При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско. По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“  за понатамошна постапка.  

На 23.01.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Д.(46) од Скопје пријавила дека на улицата „Ѓорѓи Крапчев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.01.2025 во 14.55 часот во Полициската станица Драчево, В.Д.(45) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 24.01.2025 во 00.50 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп, поради сомнение дека на ул.„Рампо Лефката“ во Прилеп со употреба на сила одзел предмети од паркиран автомобил. Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.

На 23.01.2025 во 14.45 часот во СВР Битола В.К.Б.(38)  од Битола пријавила дека на ул. „Бранко Радичевиќ”во Битола била касната од куче скитник .

 

На 23.01.2025 во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено– поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.

На 23.01.2025 во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија, кој се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2025 во 15.20 часот во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.С.(33) од Гевгелија. При преглед кај В.С. била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(20) од Струга и Н.И.(20) од Скопје од една страна и двајца малолетници од село Јаболци, скопско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (24.01.2025) во 01.40 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(49) од Скопје, по претходна пријава, дека пред ноќен клуб на подрачјето на општина Аеродром, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.01.2025 во 11.06 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, настанал пожар во угостителски објект сопственост на Д.С.(44) од Скопје, при што бил опожарен дел од кујната. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2025 во 09.30 часот во ПС Кочани Б.А. (57) од Кочани пријавила дека на 21.01.2025 во 02.30 часот, додека била во нејзината семејна куќа  заедно со нејзините внуци, дошла Д.С.И. и физички ја нападнала, а исто така употребила и метален предмет. Според пријавеното, Д.С.И. кршела и инвентар од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.С.(25) од Охрид. При претрес, извршен по судска наредба, во куќа во Охрид во којашто М.С. привремено престојувал, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.01.2025 во 18 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од с.Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот. Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без  траги  од  насилство.  Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото  на  починатиот било пренесено  во Клиничка болница  Тетово  за обдукција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М. (24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 01.01.2025 во Гостивар, пријавениот со закана со нож одзел мобилен телефон од А.З. (20) од Гостивар. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава А.П. (19), С.П. (19), В.П. (25) тројцата од село Брвеница, тетовско, и Б.Ѓ. (19) и  Ф.Ј. (19) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.10.2024 во Тетово, пријавените физички го нападнале А.Ѓ., нанесувајќи му повреда.