06 ноември 2018

Одржани средби со навивачките групи во Тетово: Договорени заеднички активности за надминување на проблемите


 Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска ( 6 ноември ) се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.
  На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања.
 Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите. На денешните средби произлезе и иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно  помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти.