06 октомври 2018

30 дена притвор за надзорник во КПД Штип за примање поткуп

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Б.Б.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело "Примање поткуп" казниво по член 357 став 1 од КЗ на РМ.

Имено, пријавениот вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.

Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. На 05.10.2018 година пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30дена.