Извадок на дел од дневни настани 08.11.2018

На 07.11.2018 година околу 19.10 часот на магистралниот пат село Подмоље-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта-општина Дебарца. Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 07.11.2018 година во 07.40 часот на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ и улица „Никола Тесла“ во Скопје, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(56) од Скопје, удрило во велосипед  управуван од И.С.(28) од село Волково, скопско. Од ударот, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.С., кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 07.11.2018 година во 08.00 часот на патот Кичево–Македонски Брод,  во близина на место викано „Бели Мостој“, З.А.(31) од село Зајас, управувајќи патничко возило „Пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, излетал од коловозот и се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот  В.Д.(21) од село Горно Строгомиште и бил пренесен во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Возачот З.А. и сопатникот Р.Л.(20) од село Горно Строгомиште се здобиле со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.     
                                      
На  07.11.2018 година во 08.43 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека при извршување на градежни работи на место лоцирано до патот на Национален парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати. Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна.Гранатите биле безбедно подигнати.

На 07.11.2018 година во 17.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Л.К.(22) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.           

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Битола  поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,Измама при добивање кредит или друга поволност“ предвидено по член 249 став 1 од КЗ. Имено, од страна на  пријавениот крајот на 2015 година со намера за себе да прибави поволност согласно Законот за приватизација на градежно земјиште, односно  да откупи градежно земјиште по повластена цена од 1 евро за 1м2 , врз основ на објекти кои ги поседувал, на органот со кој се договарал со непосредна спогодба му приложил невистинити и нецелосни податоци. Пријавителот не информирал дека објектите кои ги поседувал се во  постапка за конфискација  со Пресуда од Основен суд Велес, со што ја довел во заблуда Општина Штип, при што му било издадено Решение за приватизација на градежно земјиште и на тој начин овозможувајки му на пријавениот истото да го купи по повластена цена од 3.068.025 денари, иако без оваа поволност цената на градежно земјиште е 25.076.156 денари или 407.742 евра. Пријавениот со намера за себе да прибави кредит од банка приложил невистинити и нецелосни податоци,  на тој начин што како залог во корист на банката приложил  сопствен недвижен имот,  притоа прикривајки го фактот дека со правосилна судска одлука имотот требало да се конфискува при што  во текот на август минатата година бил солемнизиран Договор за кредит врз основа на наведениот недвижен имот кој е предмет на конфискација и притоа му го одобрат истиот во висина од 106.087.500 денари или  1.725.000 евра .                      

Во текот на вчерашниот ден (08.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, една сообраќaјна незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и уште едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, седум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци и двајца поради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 138 мандатни платни налози и 82 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 07.11.2018 година во 10.00 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на улица „Методија Митевски Брицо" товарно возило „Ивеко“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(27) од Делчево, удрило во пешакот Ј.У.(66) од Делчево. Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот.

На 08.11.2018 година во 08.15 часот Љ.П.(34) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на своето работно место во Комплекс клиники „Мајка Тереза" била физички нападната од страна на женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.11.2018 година од 13,30 до 14,00 часот, полициски службеници на Секторот за внaтрешни работи Тетово - Полициска станица Гостивар извршиле претрес во угостителски објект, лоциран на улица „ЈНА“ во Гостивар. При претресот, во собата во која престојувале З.Р.(34) од Ростуше и А.И.(21) од Скопје, пронајден е кокаин, како и една банкнота со остатоци од кокаин. Двајцата лишени се од слобода и по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.11.2018 година во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик на Република Македонија. По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

На  07.11.2018 година  во 12.00 часот во Полициска станица Кочани, од Општата болница во Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен Т.Ѓ.(55) од Кочани  вработен во фирма од Штип, кој се здобил со повреди додека изведувал градежни работи. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

На 08.11.2018 година околу 03.00 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ во Скопје, при контрола на патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, Д.Б.(28) од Скопје и сопатникот З.Г.(29) од Скопје навредувале и агресивно се однесувале кон полициски службеник.  Лицата биле приведени во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.

На 07.11.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Т.М.(55) од Скопје пријавила дека на 06.11.2018 година од домот во непознат правец се одалечило 13-годишно девојче на кое пријавителката и е старател. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 07.11.2018 година во 23.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Е.А.(49) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.30 часот на улица „Никола Парапунов“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 07.11.2018 година во водите на Охридското и Преспанското Езеро, во два одвоени случаи, полициски службеници пронашле и одзеле вкупно 19 рибарски мрежи со должина од по 50 метри во кои имало риба белвица и грунец. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.      

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.Б.(24) и Ф.Б.(54), двајцата од село Ново Село, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 13.09.2018 година околу 14.00 часот во атарот на село Ново Село по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале Е.Б. (24) од село Ново Село.

На 07.11.2018 година во 11.54 часот во Полициската станица Сарај, И.З. пријавил дека во село Ласкарци, општина Сарај, С.М. од село Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот. По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане, скопско и Џ.А. од село Мала Речица,тетовско, поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З., пристигнал С.М. и физички ги нападнал И.З., Д.Р. и Џ.А.. Притоа, пристигнал и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., и со пиштол испукал неколку куршуми во воздух и неколку куршуми кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил. После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.А.(53) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во март 2017 година пријавениот му дал 38.000 денари на И.А., кои требало да ги врати за 30 дена, како и дополнителни 10.000 денари за услугата. Во мај 2018 година И.А. му вратил 40.000 денари на пријавениот и го известил дека останатите 8.000 денари ќе му ги врати за околу 10 дена. Притоа, пријавениот му рекол дека за секој нареден ден доцнење долгот ќе му се зголемува за дополнителни 2.000 денари.

На 07.11.2018 година околу 09.00 часот пријавено е дека во ДПТУ „Брако“ - погон клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил повлечен од машината, по што машината автоматски престанала со работа. Ѓ.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница - Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(32) од село Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 02.06.2018 година околу 22.30 часот  во атар на село Јелошник, општина Теарце, при интервенција во врска со пријавено пукање од огнено оружје, полициски службеници на местото го затекнале пријавениот зааедно со уште пет лица. При преглед над него, биле пронајдени и одземени пиштол „Валтер“ калибар 9 мм со две рамки, 15 куршуми калибар 9 мм, како и 12 испукани чаури калибар 9 мм.   

 На 07.11.2018 година во 15.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.А.(45) од Скопје пријавил дека во село Шишево неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од лицето А.А. од село Шишево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.