Извадок на дел од дневни настани 12.10.2018

На 11.10.2018 година во 16.15 часот на патот Демир Капија-Неготино, кај клучка Прждево, полициски службеници запреле патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А., управувано од Г.М.(25) од село Арачиново, скопско, а како сопатник бил Љ.А.(25) од село Арачиново. Од извршената проверка било утврдено дека Г.М. се наоѓа на листата со мерка „приведи“. Г.М. бил приведен, а возилото било одземено.

На 11.10.2018 година во 23.25 часот било пријавено дека во село Копачиндол, тетовско, избувнал пожар во куќата сопственост на Е.С.(68). Екипа на Територијална противпожарна единица Тетово пожарот го изгаснала на 12.10.2018 година во 00.25 часот. Повредени лица нема, а увид ќе се врши во текот на денот.

На 11.10.2018 година во 22.00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Ш.А.(60) од село Братин Дол, битолско, пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(33). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 11.10.2018 година во 21.20 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Е.(40) од Кавадраци пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
    
Во текот на изминатите денови (11 и 12.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 20 сообраќајни незгоди од кои 14 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 16 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи од кои: 16 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 49 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи-почетници и 10 возачи поради останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 36 возила бидејќи едно возило било технички неисправно и 35 возила биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 370 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак".
На 12.10.2018 година околу 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце, тетовско. Притоа, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите (седум од Република Србија, две од Република Албанија и две од Република Македонија). Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

На 11.10.2018 година околу 17.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Ј.А.(29) од Тетово, кој е осуден на казна затвор од шест години и шест месеци. По приведувањето во Полициската станица Тетово, Ј.А. бил предаден за издржување на затворската казна во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против З.П.(36) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 10.10.2018 година, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.П. и во две патнички возила кои ги користел. При претресот била пронајдена и одземена околу  820 грама марихуана, семки од растението Canabis и искршени гранки  од раститението Canabis. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.

На 11.10.2018 година околу 18.15 часот на улица „Климент Охридски“ во Струмица, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди“, но возилото не застанало туку се упатило кон село Василево и село Добрашинци. По преземени мерки возилото било пронајдено во атар на село Добрашинци и во него биле пронајдени три лица-мигранти(две од Бангладеш и едно лице од Ирак). Возачот побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 11.10.2018 година во 13.15 часот во Полициската станица Охрид, О.С.(54) од село Лескоец, охридско, пријавил пожар во неговата куќа, кој настанал во 02.15 часот, а бил изгаснат од страна на неговата сопруга и соседите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2018 година во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С.(54) од Скопје пријавил дека во периодот од 21.30 часот на 10.10.2018 до 13.00 часот на 11.10.2018 година на од паркинг улица „Христо Татарчев“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Киа Соренто“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

На 11.10.2018 година во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, З.Е.(42) од Скопје пријавил дека на 10.10.2018 година околу 18.30 часот на улицата „Женевска“ неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од С.Н.Т.(50) - мајка на негов соученик. Според пријавеното, настанот го забележал неговиот брат Ф.Е.(18) и го оттргнал од С.Н.Т., по што  и двајцата заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2018 година околу 14.00 часот во СВР Велес, лицето Н.Н.(52) од Велес пријави дека на улица „Живко Фирфов“ бил нападнат од кучиња скитници, од кои едното го каснало за десната потколеница.

На 11.10.2018 година во Полициската станица Центар, С.С.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче- скитник на левото стапало.

На 11.10.2018 година во 18.10 часот во Полициската станица Гази Баба, П.Н.(39) од с.Црешево, скопско, пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на улица „3“ во с.Црешево неговиот деветгодишен син бил каснат од куче во пределот на левата подлактица.

На 12.10.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.П.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.30 часот, додека се движел по булеварот Кузман Јосифовски Питу со своето возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки со негова другарка, во близина на железничката станица, а потоа и кај трговскиот центар Бисер биле пресретнати од патничко возило „Киа“ и од него излегле три лица. Возачот извадил легитимација и лажно се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел телефонот и документите. Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало  да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол. Веднаш по пријавата преземени се соодветни мерки и активности и во полициска станица е приведен сторителот Г.С. (25). По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесени соодветни поднесоци.