Извадок на дел од дневни настани 07.08.2018

 На 06.08.2018 година во 11,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило “Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје. Во незгодата возачот на моторциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 06.08.2018 година околу 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница кај с.Стајковци, патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда. По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, возачот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 06.08.2018 година во 10,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Скупи“ се случила сообраќајна незгода помеѓу Мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило “Хундаи I30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје. По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 06.08.2018 година во 13,00 часот било пријавено дека на улицата „Ристо Попов“ во населбата Превалец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски таблици управувано од С.Д.(53) од Велес и патничко моторно возило „Киа Рио“ со велешки регистарски таблици управувано од Н.С.(62) од Велес. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Фиат Пунто“ и сопатникот Б.Д.(57) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница - Велес и биле задржани на понатамошно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 

На 06.08.2018 година во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, М.Р.(46) пријавил дека на 04.08.2018 година од домот на нејзиниот дедо во с.Слатина, во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Во текот на изминатиот ден (06.08.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, три со лесни телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобиле со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и тројца поради останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила: девет биле нерегистрирани, а едно возило поради техничка неисправност. Во текот на изминатте денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека 46 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 06.08.2018 година во 10.50 часот на ул. „Скупи“ во Скопје дошло до судир помеѓу  мотоцикл „БМВ Адвентор“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко возило „Хундаи I30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П. (50) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Х. и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 06.08.2018 година во 07.30 часот на магистралниот пат Велес – Штип, кај с.Каратманово, товарно возило „Мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Н. (62) од Скопје, излетало надвор од коловозот и паднало во канал за атмосферска вода. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н. , кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.  

 

На 06.08.2018 година во 22.50 часот во Полициската станица Тетово, Р.М. (42) од с.Теарце, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 22.20 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со швајцарска национална ознака по регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, слушнал силен удар во пределот на кровот. Кога излегол од возилото забележал дека е оштетено од заталкан  проектил од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.08.2018 година околу 17.30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. (34) од с.Корито, гостиварско, со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот. Тој со возило на итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 06.08.2018 година во 22.10 часот  во Полициската станица Тетово било пријавено нарушување на јавен ред и мир со пукање од огнено оружје во населба Дреновец во  Тетово. Полициски службеници извршиле проверка и констатирале дека било пукано на свадбена веселба во куќа сопственост на М.Л. (47) во село Порој. Тој изјавил дека некој од присутните гости испукал неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

 

На 07.08.2018 година во 00.40 часот во Полициската станица Охрид, Д.Ј. (30) од с.Лешани, охридско, пријавил дека на 06.08.2018 година околу 23.50 часот во кафе бар на ул. „Партизанска“ во Охрид од лицето Д.Н. му била загрозена сигурноста. Според пријавата, во наведеното време Д.Н. почнал да го навредува и омаловажува и да удира по масите, по што бил изнесен надвор од објектот. Истиот ден во 03.10 часот во Полициската станица Охрид, Д.Н. пријавил дека физички бил нападнат од лицето Д.Ј., при што му биле нанесени повреди. Според пријавата, кога излегол од објектот и седнал во возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, Д.Ј.  ја отворил вратата и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

 

На 06.08.2018 година во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Г. (59) од Скопје пријавил дека во периодоот од 03.08.2018 до 06.08.2018 година од паркинг на ул. „Ѓорѓи Димитров“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Ровер 620“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

 

На 06.08.2018 година во 20.55 часот во Полициската станица Карпош, П.Т. (52) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.20 часот во објект на „Водовод и канализација“ на ул. „Њу Делхиска“ физички бил нападнат од неговиот колега В.П.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Пријавените во периодот од април до јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се стекнале со противправна имотна корист од 326.000 денари.        

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 25.05.2018 година околу 14.00 часот на ул. „Мечкин Камен“ во Скопје, по претходна расправија, Д.А. со дрвена палка физички го нападнал Н.Ј. (38) и неговата сопруга и им нанел тешки телесни повреди.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.П. (25) од с. Ново Село, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” . На 04.08.2018 година пред сендвичара на улица „Маршал Тито“ во Тетово настанала тепачка помоѓу пријавениот од една страна и Н.Р. (18) од Тетово и В.Б. (19) од село Церово, тетовско, од друга страна. Притоа, М.П. со нож му нанел убодна рана на В.Б. во пределот на градите.    

 

СВР Скопје поднесе кривична против Џ.И. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“. На 05.06.2018 година околу 23.45 часот на улица „Скупи“ во Скопје пријавениот физички нападнал полициски службеник. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи за Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.М. (54), А.М. (28) и В.М. (32), сите од село Псача, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 02.08.2018 година околу 17.30 часот во село Псача, во комплексот на манастирот „Свети Никола”, пријавените физички нападнале тројца полициски службеници.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во јуни 2018 година, пријавениот ги злоупотребил личните податоци на неговата поранешна девојка Д.М. (19) од Гостивар, на тој начин што на социјалната мрежа „Инстаграм“ отворил профил употребувајќи нејзини лични потаци и фотографија и и се заканувал дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии.

 

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“. Ј.К. како раководител на Одделение на внатрешна ревизија во општина Радовиш во 2014 година во основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, иако констатирала сомнежи за постоење на кривични дела измама и корупција при постапката за јавни набавки во училиштето во 2013 година, не пријавила кај градоначалникот, ниту пак кај лицето задолжено за неправилности.  

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Д.Ц. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправи“. Пријавениот на излез од Република Македонија на увид приложил фалсификувана албанска патна исправа, во која било извршено прикривање на внесена забрана за влез во Република Грција. Од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка „привремено одземање на лична карта“.