Извадок на дел од дневни настани 08.07.2018

На 07.07.2018 година во 16.55 часот, телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје,  граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Од страна на граѓани жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот,  се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт. Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил  додека двете сестри се шетале покрај Треска,  М.Ц се лизнала и паднала во водата .Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .  

На 07.07.2018 година во 12.45 часот. телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје од Ургентен центар Скопје е пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото,  и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

На 07.07.2018 година во 15.00 часот во ПС-Центар И. Ш. (37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“  две непознати лица физички го нападнале и му одзеле 4.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 07.07.2018 година во 18.15 часот во Единицата за информации и команда -Скопје , Е. Н. од  с. Бојане, скопско, пријавил дека околу 14.30 часот во парк шумата „Гази Баба“, од страна на три непознати машки лица бил физички нападнат и му било  извршено разбојништво при што му е одземен еден мобилен телефон „Алкател Пиксел 4“  и паричник.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.