Извадок на дел од дневни настани 03.07.2018

На 02.07.2018 година во 12,25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во близина на место викано „Чанкови врби“ атар на село Псача, товарно моторно возило „Сканиа“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.М.(57) од Крива Паланка, изгубил контрола над возилото и се превртел. По незгодата, возачот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, а поради здобиените тешки телесни повреди бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Во времето од 12,25 часот до 15,00 часот, сообраќајот на Магистралниот пат Крива Паланка-Куманово бил во прекин во двата правци за сите видови возила поради вршење на увид за случената сообраќајна незгода. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 02.07.2018 година во 20,10 часот било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово на место викано „Студена Вода“ С.А.(33) од Тетово управувајќи моторцикл „Сузуки“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот бил префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 02.07.2018 година во 23,30  часот било пријавено дека во Прилеп на улица “Сотка Ѓорѓиески“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознат возач удрило во пешакот А.П.(42) од Прилеп, по што го возачот го напуштил местото на настанот. По незгодата А.П.  бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки на целосно расчистување на случајот.

На 02.07.2018 година во 08,10 часот на Граничниот премин “Ќафасан“ на влез во Р.Македонија, при извршена проверка на патничко моторно возило „Нисан“ со грчки национални ознаки управувано од С.А.(41) од Р.Албанија  констатирано е дека истиот не поседувал зелен картон за возилото и истото било технички неисправно и од тие причини не ги исполнувал условите за влез во Р.Македонија. По укажување од страна на полициските службеници дека не ги исполнува условите за влез во Р.Македонија истиот почнал да ги омаловажува и агресивно да се однесува кон полициските службеници по што бил приведен во Полициската станица за Граничен премин “Ќафасан“, а потоа бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

На 02.07.2018 година во 18,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ на излез од Р.Македонија поради послужување со туѓа патна исправа бил приведен Е.Д.(23) од Албанија. Истиот бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 02.07.2018 година околу 08,45 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Вон Вардарска“ настанал пожар во Угостителски објект сопственост на Н.М.(34) од Тетово. Пожарот најверојатно настанал во шанкот, по што се проширил низ целиот локал и изгорел скоро целиот инвентар. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна едниница Тетово и повредени лица нема. По пријава на сопственикот причинета е материјална штета од околу 20.000 евра.

Во текот на изминатиoт ден (03.07.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа 49 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 22 возачи бидејќи двајца го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца биле возачи почетници и 18 пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил и четири не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози,  додека исто така 67 возила се подигнати со "Пајак".

На 02.07.2018 година околу 18,00 часот било пријавено дека во Тетово на крстосницата на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки,  управувано од М.А.(62) од село Копачиндол, тетовско и мотоцикл „Трува“ со тетовски регистарски ознаки, кој  без дозвола го управувал Ф.Х.(19) од Тетово. Притоа, со повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот 15-годишен сопатник. Со други возила тие биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош биле задржани за натамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово  и се работи на целосно расчистување на случајот.  

На  02.07.2018 година во 09,40, часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ на автопат Неготино-Градско во близина на „Стоби“, забележале две лица-мигранти од Авганистан. Со истите бил извршен разговор и тие изјавиле дека пред два дена илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница. Мигрантите ориентирајќи се по пругата, на 02.07.2018 година во 07,00 часот во близина на железничката станица во Неготино биле пресретнати од страна на четири лица и над нив било извршено разбојништво, при што, по нивно кажување им биле одземени 700 евра и два мобилни телефони. Од страна на полициските службеници мигрантите се предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино, за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
 
На 02.07.2018 година во 13,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Д.(27) пријавила дека на 01.07.2018 година во 18,00 часот противправно била лишена од слобода, од страна на поранешното момче Ф.Ќ.(22). Имено, додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Истиот и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 02.07.2018 година во 10,40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека по течението на реката Вардар на место викано „Лагот“, било забележано човечко тело заглавено во гранки. Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки, и по извршениот увид констатирано било дека се работи за женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години по што истото по наредба на Јавен обвинител било предадено во Институт за судска медицина заради утврдување на идентитетот и причините за смртта.
 
На 02.07.2018 година во 15,30 часот било пријавено дека на патот од село Црнилиште кон село Ропотово кај монополот на излезот од село Црнилиште, Ф.А.(24) од село Норово, крушевско, кој бил сопатник во патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од неговиот татко А.А.(53) од село Норово, крушевско, од фиоката во возилото извадил огнено оружје - пиштол и со намера да пука надвор од истото, испукал неколку пати и се повредил во подколеницата на левата нога, при што се здобил со прострелна рана. Потоа бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Во возилото биле присутни и сопругата на повредениот со малолетното дете и неговата мајка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

На 02.07.2018 година во 20,30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А. (48) од село Студеничани, скопско, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот на булевар „Борис Трајковски“, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) со бр.67, физички бил нападнат од страна на контролор на ЈСП, З.Г.(54) од село Орешани, скопско. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.07.2018 година во Полициската станица Петровец, А.С.(29) од село Марино, скопско, пријавил дека околу 24,00 часот пред угостителски објект во село Кадино физички бил нападнат од страна на лицето Љ.С. од село Кадино и уште две непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.07.2018 година во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.С. (54) од Волково, скопско, пријавила дека нејзиниот син М.С.(19), кој  бил пријавен  за  исчезнат на 30.06.2018 година во Скопје, бил пронајден и на 01.07.2018 година се вратил дома.
    
На 02.07.2018 година во 20.30 часот во Полициската станица Чаир, А.Д.(28) од Радишани, скопско, пријавил дека на 01.07.2018 година околу 20,00 часот во село Радишани, поточно кај место викано „Јазерски Мост“, неговата шестгодишна ќерка била нападната и касната на десната нога од куче од непознат сопственик, при што се здобила со видливи повреди.   
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична против Р.Л.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 24.05.2018 година околу 21,30 часот во Тетово на улица “Борис Кидрич“ во близина на спортскиот центар пријавениот физички ги нападнал С.Н. и К.С. и двајцата од Скопје при што од С.Н. одзел паричник во кој имало 4.500 денари и лични документи.

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава поднесе кривична пријава против А.Д.(40) од Прешево-Република Србија, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „затајување“ и две кривични дела „кражба“ предвидени и казниви по член 239 и член 236 од Кривичниот законик.  Пријавениот трите кривични дела ги извршил во текот на јуни годинава а предмет на кривично дело биле мобилни телефони при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 72.262 денари. Две од кривичните дела („затајување“ и „кражба“) пријавениот ги извршил на ист начин во два угостителски објекти, каде искористувајќи ја љубезноста на оштетените, под изговор дека батеријата од телефонот му е испразнета, а треба итно да се јави, од истите, во едниот случај затаил, а во другиот случај одзел вкупно два мобилни телефони. Третото кривично дело „кражба“ го извршил во продавница за мобилни телефони, каде искористувајќи го невниманито на вработените одзел еден мобилен телефон.