Извадок на дел од дневни настани 11.03.2018

 На 10.03.2018 година во 09.00 часот на регионалниот пат од Дебар кон Маврови Анови, во близина на крстосницата за село Врбјане, Б.К.(30) од Дебар управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со дебарски регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Ш.(58) и истиот по укажана лекарска помош е задржан во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид на местото на настанот.

                                   

На 10.03.2018 година околу 13.45 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(64) од Куманово, удрило во 17- годишен пешак од село Орланци, општина Арачиново. Во незгодата со тешки телесни попвреди се здобил пешакот кој со друго возило бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде како итен случај е препратен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.
                                                                  

На 10.03.2018 година околу 19,30 часот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар Б.Ј.(40) од Гостивар управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во метален електричен столб. По незгодата Б.Ј. е пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош, а потоа е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 10.03.2018 годинa во 14,30 часот на крстосницата од улиците "Јустинијан први" и "Живко Фирфов" Е.К.(41) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило "Мерцедес" со скопски регистраски ознаки удрилa во пешакот П.К.(70) од Скопје. По незгодата, Е.К. со возилото ја пренела П.К. во Градска општа болница "Св. Наум Охридски", каде и биле констатирани тешки телесни повреди и од нивна страна била препратена во Градска општа болница "8-ми Септември" на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 10.03.2018 година од страна на полициски службеници е пронајдено патничко моторно возило "Волксваген Голф" со скопски регистарски ознаки. Возилото претходно е пријавено за одземено. Се работи на целосно расчистување на настанот.

 

На 10.03.2018 година околу 14.30 часот во село Визбегово, скопско во магацин на фирмата “Штил“, С.З.(65) бил повикан да земе мерки за да направи ограда. Истиот додека се симнувал по скала, паднал на плочникот од височина од околу 3.5 метри. Со приватно возило веднаш бил однесен во Градска општа болница “8-ми Септември“ од каде е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

 

На 10.03.2018 година во 00.30 часост пред ноќен клуб на улица "Јордан Мијалков" од страна на група непознати сторители бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над лицето Н.Б.(25) од Скопје. Од физичкиот напад оштетениот се здобил со видливи повреди скршеница на горната вилица, оток и други повреди на главата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 10.03.2018 година околу 15,30 часот Г.Р.(23) од Скопје пријавил дека додека седел во угостителски објект во старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале. Г.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“. Ј.М. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

           

 На 09.03.2018 година во 21.40 часот по претходна пријава од вработена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" дека кај нив е донесено повредено лицето М.Ч.(34) од село Рашче, скопско, од страна на полициски службеници е обавен разговор со повредениот. Констатирано е дека истиот ден околу 20,20 часот додека извршувал работни задачи како градежен работник на објект во изградба лоциран на улица "Св. Кирил и Методиј" во еден момент се лизнал и паднал од скеле од 3 кат. Кај лицето се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на левата надлактица и набиеници на целото тело).

На 11.03.2018 година околу 00.40 часот во Скопје, во двор од куќа во населба Ѓорче Петров, сопственост на Д.С.(43) непознато лице фрлило експлозивна направа (најверојатно кашикара). Повредени лица нема, а од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички моторно возила „Мерцедес“ и „Шкода Фабија“ кои биле паркирани во дворот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

 

На 11.03.2018 година во периодот од 01,00 до 01,10 часот во Полициска станица Аеродром К.С.(25), Д.Д.(25), М.М.(21) и Х.К.(19) сите од Скопје, пријавиле дека биле физички нападнати од поголема група на лица на паркинг простор на улица "Фрањо Клуз" и "Анастас Митрев". Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 10.03.2018 година во 18,00 часот Љ.К.(63) од Скопје, пријавил дека околу 17,00 часот во соседната куќа кај лицето Ц.В. слушнал викање и кога отишол да види за што се работи од куќата избегало лицето Н.Ѓ.. Сосетката му кажала дека Н.Ѓ. физички ја малтретирал при што сторителот искористувајќи го отсуството на Љ.К., кој ја оставил вратата од неговата куќа отклучена, влегол внатре и одземал чанта во која имало паричник со 1.000 денари и лични документи. Се работи на расчистување на случајот.