Извадок на дел од дневни настани 10.03.2018

 На 09.03.2018 година во 17,00 часот во Тетово на булевар „Видое Смилевски Бато“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(59) од Тетово и патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката од возилото „Голф“ Н.Н.(21) од Р.Косово, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 09.03.2018 година по налог на Основно јавно обвинителство од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ "Злоупотреба на службена положба и овластување" .

 

На 09.03.2018 година во 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, М.П.(47) од Куманово пријавила дека нејзиниот сопруг П.П.(51), на 08.03.2018 година, откако ја оставил на работа во 08,15 часот, не се вратил дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.03.2018 година во 21,15 часот вработен во Јавна установа Центар за социјална работа - Скопје, пријавил дека 17- годишна девојка, на која и е старател по службена должност и е сместена во Детски дом „11-ти Октомври“, не се појавила во домот од 21.12.2017 година. Старателот посочил дека девојката почесто самостојно ја напуштала установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 09.03.2018 година од страна на полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, по претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во деловните простории на правното лице „Анго Вест“ во Кавадарци, при што се одземени 1.369 кутии со ракија без бандерола, додека одговорното лице В.К.(49) од Кавадарци, е лишен од слобода и е задржан во Полициска станица Кавадарци. На 09/10.03.2018 година исто така по претходна наредба од Основен суд Кавадарци од страна на службеници од Полициска станица Неготино извршен е претрес во деловните простории на ВВ „Повардарие“ АД-Неготино, при што е одземена службена документација за производство на ракија, етикети и рачно водена евиденција.

 

На 09.03.2018 година во 13,52 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив бил донесен повреден Ј.Н.(57) од Скопје вработен како супервизор во одделение за прифаќање и испраќање на воздухоплови во ТАВ, кој појаснил дека истиот ден околу 13,00 часот, додека ги вршел работните задачи, симнувајќи се од елеватор, се лизнал и паднал од висина од 1,5 метри, при што се здобил со тешки телесни повреди (напукнатини на ребра).
           

На 09.03.2018 година во 21,45 часот на Граничен премин "Табановце", на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници лишен е од слобода П.Б.(45) бидејќи истиот евидира во казнена евиденција за сторено криивчно дело "измама". Лицето е предадено во Секторот за внатрешни работи Скопје за понатамошна постапка.

 

На 09.03.2018 година Н.У.(41) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на улица '1" во село Трубарево бил каснат од куче во пределот на левата потколеница додека извршувал работни задачи како поштар вработен во АД "Македонски Пошти".

 
           

На 09.03.2018 година во 19,17 часот од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив е донесен повреден А.Б.(18) од село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари. На А.Б. му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица, додека како причината се наведува претходна расправија за девојка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 09.03.2018 година во 17,10 часот вработен во СУГС „Арсени Јовков“ пријавил дека на улица „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16- годишен ученик од село Студеничани, скопско. Според пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16- годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група на малолетни лица, кои си размениле по неколку удари со тупаници и клоци. На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото. По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16- годишно лице кое е можен сторител на делото. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.